Во рамките на 29. коло од ПМФЛ денеска во Турново се игра градското дерби меѓу Академија Пандев и БеласицаТоа е четвртото меѓусебно соочување оваа сезона. На досегашните три меча „пандевци“ имаат три победи со гол разлика од 6:0. Интересно е тоа што новиот стратег на Беласица, Ацо Стојанов своето деби ќе го има токму на градското дерби. Од него се очекува да се обиде на Беласица да и го донесе првиот гол, првиот бод против Академија Пандев сезонава. Исто така јасно е дека на Беласица овој натпревар и значи премногу, со евентуални три бода „сините“ можеби се враќаат во игра за баражот
Од друга страна бодовите им се потребни и на фудбалерите на Акадмија Пандев. Со победа и нови бодови на своето конто тие ги задржуваат шансите за висок пласман ова првенство и излез кон фудблска Европа. Мечот Академија Пандев – Беласица почнува во 16 часот н стадионот Кукуш во Турново