• Sun. Nov 24th, 2024

На изборите во Турција денеска гласала и 107 годишна жена

Сукрие Озбај од Санлиурфе има 107 години и денеска го искористи своето право на глас на локалните избори што се одржуваат во земјата. Таа на гласачкото место дошла во придружба на 80 годишната черка Емине.

По гласањето Сукрие на новинарите им изјавила дека гласала на сите избори што се одржале од својата 18 годишна возраст.

Се смета дека таа е една од ретките личности кои што гласале на сите одржани избори во земјата.

Сукрие, пак, рекла дека денот е прекрасен и сончев и им посакала многу среќа на сите кандидати.

Избирачите во труција бираат градоначалници во поголемите градови, началници на општините, како и градски и провинциски општински совети.

Ќе се бираат и најниски претсавници на локалната власт во Турција, односно старешни или мухтари и совет на старци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *