Утре завршува вториот уписен рок за прва година на студиските програми на штипскиот универзитет,, Гоце Делчев,,. Според информациите во наставниот центар во Струмица има уште слободни места за наставните програми на факултетите во Струмица согласно објавениот конкурс УГД објавен од Министерството за образование
Како што информираше професорката Лилјана Колева Гудева има уште 403 слободни места за студиите на Правен, Економски, Земјоделски и Машински факултет во центарот во Струмица.
На Правен има 125 слободни места за правни студии, на Економски за студиите финансии, менаџмент и претприемништво има вкупно 52 места, на Земјоделскиот факултет за насоките агроменаџмент, градинарство, растителна биотехнологија има слободни 146 места и на Машински факултет за студиите за индустриско инжинерство и производно машинство 80 места