Зора Ѓорѓиева е родена 26 април 1935 година. Од 1953 до пензионирањето во 1996 работела како глумица во струмичкиот театар. Имала одиграно над 150 улоги. Добитничка е на лауреатите на Театарските игри „Војдан Чернодински“ во Прилеп за улогите: Тања (1967): Бланш Дибоа (1970): Баба ни Ева (1974): Јацинта (1975): Андромаха (1987).
Во 1988 година од ревијата „Екран“ била прогласена за глумец на годината. Во 1996 година ја добила наградата за најдобро глумечко остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на Аманда во „Стаклена менажерија“. Била и трикратна добитничка на годишната награда на СО Струмица и награда за животно дело на 36 МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2001 година.
Починала во Струмица на 31 мај 2014 година.