• Thu. Nov 21st, 2024

НА ДЕНЕШЕН ДЕН во Богданци е роден актерот Ѓорѓи Колозов – последниот македонски цар

ByЃ. K.

Feb 26, 2024

На денешен ден во 1948 година во Богданци е роден актерот Ѓорѓи Колозов, еден од најомилените актери на многу генерации. Неговите улоги на цар, чорбаџија, кадија, селанец, Господ, во „Македонски народни приказни“ го направија омилен лик во сечиј дом.

Колозов дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. Две години подоцна се вработил во Македонскиот народен театар.

На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други. Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на „Вардар филм“ во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Нели ти реков”, „Истрел”, „Тетовирање„ и други. Почина на 13 октомври 2003 во Скопје.

By Ѓ. K.