Вчера попладнето и во текот на вечерта имало долги колони за влез во земјата, велат пограничните служби на премините Богородица и Дојран. Поради силното невреме кое што ја зафати Северна Грција и повеќе туристички места во тој дел на земјата, македонските туристи масовно се враќаа во Македонија. Граничната полиција вели дека вчера било гужва како во најголемиот шпиц во текот на летото. Македонските туристи сведочеле дка со часови се патува од Халкидики до Солун поради сообраќајниот метеж но и одроните на патот кои се последица од силното невреме.