Царинските службеници на царинска испостава Богородица вчера на излез од државава при контрола на автобус открија 200 парчиња боци, од кои 100 боци од 9,8 кг фреон R404A и 100 боци од 13,6 кг фреон R134a со вкупна вредност од два милиони денари, соопшти Царинската управа
Стоката и автобусот се привремено одземени, а против возачот кој е со македонско државјанство ќе биде поведена кривичка постапка за криумчарење стока.