• Sat. Nov 23rd, 2024

На Богородица се чека до 45 минути, а на Дојран околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Се бележи зголемена фреквенција на возила за излез од државата, а времето на чекање на Граничниот премин Богородица е од 30 до 45 минути, додека на ГП Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *