• Sat. Nov 23rd, 2024

Најскапата КРАВА на светот продадена за повеќе од 4 милиони долари

ByЃ. K.

Jul 10, 2023

Џиновска бела крава неодамна беше продадена на аукција во Бразил за неверојатна цена, соборувајќи ги сите рекорди. Станува збор за крава од расата Нелоре, која е најбарана во светот.

Имено, една третина од сопственоста на кравата со необичното име Viatina-19 FIV Mara Imóveis е продадена на аукција за 1,44 милиони долари, со што нејзината вкупна вредност достигна 4,3 милиони долари.

Половина сопственост на 4,5-годишна крава продадена во 2022 година за околу 800.000 долари.

Рекордна трансакција се оправдува со генетскиот квалитет на расата, како и со побарувачката на животни со исклучителни карактеристики.

Оваа раса крави се карактеризира со светло бело крзно и грпка на грбот. Исклучително се отпорни на високи температури, во кои значајна улога има крзното што ја рефлектира светлината, како и двојно поголемите потни жлезди и 30 отсто побројни потни жлезди во споредба со другите европски раси.

Тие потекнуваат од Индија, а го добиле името по индискиот регион Нелоре во државата Андра Прадеш.

Кравите Нелоре се неверојатно издржливи и отпорни на инфекции. Расата лесно се размножува, а на телињата им е потребна минимална човечка помош.

Инаку, во Бразил има околу 167 милиони говеда од оваа раса, што сочинува 80 отсто од вкупниот број крави во земјата, објави порталот „Дневно“.

By Ѓ. K.