• Thu. Nov 21st, 2024

Најпознатиот терорист на светот се согласи да ја предаде ИСИС

By

Mar 31, 2016 #Свет

Главниот жив осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам, прифатил да биде главен сведок.

Како што пишува Индепендент, терористот кој подолго време беше најбараниот исламист во Европа, рекол дека ќе соработува со француските власти, изјавил неговиот бранител, Свен Мери.

Откако беше уапсен во Брисел, Салах повеќе пати ја менуваше тактиката. Прво вети дека ќе соработува со белгиските иследници, но се противеше на екстрадикција во Франција, потоа тврдеше дека не знаел за нападите во Брисел и бараше екстрадикцијата да биде исвршена што е можно побрзо.

Тврди дека не е директно вмешан во терористичките напади во Париз, односно дека само ги возел другите и пружал логистичка поддршка. Салах се надева дека „ќе се оправда пред француските власти“.

Беше уапсен во полициската рација во белгиското предградие Моленбек, минатиот петок, после четворомесечната потера. Кога се обиде да избега беше ранет во ногата.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *