СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, НДМ, ДПТ се политиичките партии кои доставиле кандидатури за градоначалници и листи за советници до општинските изборни комисии во југоистокот. Во дел од општините во овој дел од државата има и независни кандидатури за градоначалник но и листи на советници подржани од група избирачи
Во Струмица има двајца кандидати за градоначалници и две советничкии листи . СДСМ оди со Коста Јаневси а ВМРО ДПМНЕ со Марјан Бајрактаров
Во Гевгелија двајца кандидати за градоначалници Сашо Прочков од СДСМ и Иван Франгов од ВМРО ДПМНЕ. Во Гевгелија ќе има пет листи за советници
Во Радовиш двајца партиски кандидати за градоначалник и еден независен, но и седум листи за советници. За градоначалник таму претендираат Герасим Конзулов од СДСМ, Сашко Николов од ВМРО ДПМНЕ и независниот Јуре Ѓеоргиев. Во ова општина од седумте дури 4 листи за советници се независни
Во Валандово до ОИК , кандидатури за градоначалници имат доставено СДСМ со Перо Костадинов, ВМРО ДПМНЕ со Николче Чурлиновски и независниот Стојан Манолев. Таму само двете политички партии доставиле листи за членови во Советот
Во Богданци за градоначалник ке трчат двајца кандидати Блажо Шапов од СДСМ и Никола Роглев од ВМРО ДПМНЕ. Таму освен од овие партии има и независна листа за советници
Во Дојран аспирации за градоначалник имат дури четири кандидати. Двајца партиски и двајца независни од група избирачи. Анго Ангов од СДСМ, Борче Стамов од ВМРО ДПМНЕ и независните Снеажана Манева и Тони Ајцев атакуваат на градоначалничката фотелја. Во ова општина има три листи за советници од кои една независна
Во Ново Село доставени се три кандидатури за градоначаланик и тоа Боро Стојчев од СДСМ, Блажо Велков од ВМРО ДПМНЕ и на Драган Трајков од НДМ. За Советници листи доставиле СДСМ И ВМРО ДПМНЕ
Во Босилово до ОИК кандидатури за градоначалници имат доставено СДСМ со Зоран Зимбаков и ВМРО ДПМНЕ со Лупчо Колев. Овие две коалиции имат и листи за советници
Во Василево има две кандидатури за градоначалник и три листи за советници. За градоначалник. СДСМ со Марјан Јанев и ВМРО ДПМНЕ со Ванчо Стојанов. Таму листа за советници има и ДПТ
Во Конче двајца кандидати за градоначалник и четири листи за советниците. Боро Јанев од СДСМ и Благој Јованов од ВМРО ДПМНЕ претендираат за градоначалник а листи освен овие партии имаат и ДПТ и НДМ
Општинските изборни комисии имаат рок од 48 часа да ги разгледат кандидатурите и да ги потврдат.