Најмногу наврнат воден талог од 27 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Струмица, а најмалку во Битола, еден литар на метар квадратен.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следат Демир Капија со 26 л/м2 и Попова Шапка со 25, потоа Пожаране – 24, Прилеп и Виница – 22, Штип – 21, Крушево и Охрид – 20 , Тетово – 19, Дебар – 17, Маврови Анови – 16, Берово – 15 , Куманово – 13, Скопје Зајчев Рид – 12, Крива Паланка – 7, Гевгелија – 5, Претор – 3 и Битола – 1.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.