• Sat. Nov 23rd, 2024

Најмалите од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица учеа како безбедно да ја преминуваат улицата

Најмалите од Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица денес учеа за сообраќајните правила и прописи. Преку едукативно предавање и светлосна сообраќајна сигнализација, полициски службеници им укажаа како да се движат во сообраќајот и најбезбедно да ја преминат улицата.

Овој проект се реализира во соработка со основните училишта, а темата е „Заедно за побезбедно во сообраќајот“.

Кампањата за безбедно преминување на улицата е реализирана од страна на Секторот за внатрешни работи од Струмица преку Отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Проектот ќе се реализира и во останатите основни училишта на подрачјето на општина Струмица.