Maкедонската фудбалска репрезентација утре ќе игра пријателски натпревар против Ерменија во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“.
Главен судија на мечот ќе биде Никола Дабановиќ од Црна Гора, еден од најдобрите европски арбитри и редовен учесник во натпреварувањата под капата на УЕФА. Помошници ќе му бидат сонародниците, Срѓан Јовановиќ и Владан Тодоровиќ.
Македонската репрезентација има слободен термин во квалификациите за Европското првенство, па ќе ја пополни празнината со дуелот против Ерменија која, исто така, нема обврски во ова коло. Нашите најдобри фудбалери ќе играат во Струмица првпат по октомври 2017 година кога го победија Лихтенштајн со 4-0.