• Sat. Nov 23rd, 2024

Најдено решение за државната помош, околу 10.000 лица идниот месец ќе ги добијат ветените 6.000 денари

Наместо деновиве, граѓаните кои не си ги подигнаа шесте илјади денари државна помош, истите ќе може да ги добијат следниот месец. Алсат дознава дека Владата со законски измени во постоечкиот закон ќе ги резервира парите наменети за оваа мерки, за да може да се исплатат во јануари. Според информациите, станува збор за десет илјади граѓани кој до претходниот петок не успеаја да отворат нова трансакциска сметка, да си ги ажурираат податоците во банките или да отворат наменска сметка доколку првата им била блокирана. Рокот за тоа истекува утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *