Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, денеска промовираше проект за изградба на туристички центри на Јабланица, на Бушева Планина и на Караџица.
Проценките се дека проектот би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, а ќе опфаќа изградба на три туристички села на овие локации.
Според проектот, планирано е на овие локации да има вкупно 16 луксузни хотели, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над 5 000 легла, жичарници, ски-лифтови, над 180 километри алпски скијачки патеки, велосипетски и авантуристички патеки. објаив порталот 360 степени