• Sun. Nov 24th, 2024

Наши корени, наша традиција, наш непокор се основните битија кои од идеа се реализираа во мал етно музеј во ООУ Никола Вапцаров

Наши корени, наша традиција, наш непокор се основните битија кои од идеа се реализираа во мал етно музеј во ООУ Никола Вапцаров.Именно, одделенските наставници Милена Исирова и Јасмина Пупанова иницираа една од училишните простории да се збогати со експонати кои ќе сведочат за секојдневието на нашите предци.

Основната цел е токму најмалите да ја запознаат и да не ја заборават традицијата и корените.

Родителите од двата класа собраа се што за жал многу често завршува по подрумите и повторно му дадоа дух кој ќе живее уште многу години.

Старите предмети кои се дел од новосоздадениот мал етно музеј кријат многу приказни за секојдневието на нашите предци. Некогаш домаќинките ткаеле, плетеле, везеле со денови и ноќи, затоа овие експонати имаат непроценлива вредност кои веќе имаат свој нов дом.

Изразувајки благодарност кон иницијаторите, родителите кои допринесоа за создавање на етно катчето велат дека токму децата се оние кои во иднина треба да ја чуваат и негуваат традицијата.

Иако етно катчето е комплетирано сепак секој дополнителен предмет кој го карактеризира духот на традицијата е добредојден, оти само така децата ќе знаат за корените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *