• Fri. Nov 22nd, 2024

Настава со физичко присуство ќе се следи во 169 основни и 4 средни училишта

На вчерашната 5-та Владина седница прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести за отворањето на студентските и средношколските ученички домови. Владата утврди дека истите треба да бидат отворени, за што дополнително ќе се утврди кога, но со строго почитување на Протоколите за сместување донесени од Комисијата за заразни болести. Државниот студентски дом ги известува студентите и средношколците дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

На вчерашната седница на предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.

Со измените во овој предлог закон, се уредуваат условите во вонредни околности (постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), на студентите и на учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови. На оние студенти/средношколци на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, за чија висина одлучува Владата на Република Северна Македонија.

ДСД ги повикува студентите и учениците да се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, за да ги внесат потребните податоци и докази, по што ќе им се исплаќаат средствата за времетраењето на предвидено со овие измени.

Поради намалениот капацитет на користење на сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.

Државниот студенти апелира до сите студенти да се придржуваат до протоколите бидејќи тоа е единствениот начин на зачувување на сопственото и здравјето на најблиските. Во изминатиот период кога студентските домови беа празни, ДСД ги дезинфицираше сите три студентски домови кои се под надлежност на институцијата и изврши реновирања со цел подобри и побезбедни услови за престој на студентите.

извор:https:http://sitel.com.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *