Струмичкиот тандем Кончалиев и Пиличев, коишто работат под креативниот бренд Шоутајм се автори на насловната фотографија на новиот албум на Влатко Стефановски.
Албумот којшто е во продукција на Кроација рекордс, го носи насловот „Taftalidze shuffle“, а во продажба треба да излезе кон крајот на ноември.
https://www.facebook.com/Croatiarecordsofficial/videos/1114067395716196
Фотографија е од годинешниот настап на Влатко Стефановски трио на концертот во рамките на Струмица опен фестивал.
На албумот на Влатко Стефановски свири и струмичкиот музичар Иван Кукиќ, кој настапува со Влатко и неговиот син Јан како Влатко Стефановски трио.