Одбојкарките на Наковски волеј утре со почеток во 17 часот во салата при СОУ ,, Димитар Влахов” го пречекуваат тимот на Пелистер Волеј од Битола. Со овој меч ја отвараат пролетната полуетапа во која шестте најдобри тимови повторно ќе играат меѓусебно и ќе се обидат да ги обезбедат првите 4 позиции кои разигруваат за шампионската титула
Наковски волеј како третопласирана со осум победи и два пораза се среќава со битолскиот состав кој во есенската полуетапа има епилог од 6 победи и 4 пораза . Овие два тима одиграа еден натпревар оваа сезона во кој избраничките на Хари Наковски остварија победа од 3:1 во сетови. Струмичанки за утре најавуваат нова победа и задржување на чекорот за висок пласман оваа сезона
Вечерва пак во Скопје играат Работнички жени со Виктори Волеј