Одбојкарките на Наковски волеј забележаа победа против Пелистер Волеј со 3:0 во вториот полуфинален меч од КУПОТ на Македонија. Во салата во СОУ Димитар Влахов, струмичанки ја потврдија доминацијата и со втората победа испишаа историја во ова натпреварување во кое за противник ќе го имаат тимот на Работнички Скопје.