• Mon. Nov 25th, 2024

Набавени 115 пластични контејнери и канти за депонирање сув отпад

By

Sep 22, 2021

Општина Гевгелија во насока на подобрување на

комуналните услуги на граѓаните, а и за полесно управување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со отпадот, набави урбана опрема за одлагање комунален отпад. За таа цел, беше спроведена тендерска постапка и склучен договор со фирмата „Интерконстракшн“ од Прдејци која даде најповолна понуда. Набавени се 35 пластични контејнери во жолта боја со зафатнина од 1.1 м3 и 80 пластични канти со жолта боја со зафатнина од 240 л. Контејнерот во облик и димензии се изработен според стандардот МКС EN 840 – 2, 3, 5:2013 или еквивалент со механизам за негово подигнување и празнење со специјално комунално возило – ѓубретар, кое има вградено автомат (целер) на задната страна за празнење на контејнерите.
              Како што истакнаа од ЈПКД „Комуналец“ кантите ќе бидат дистрибуирани до трговските претпријатија- продавници, пиљари и аптеки, обложувалници и сл. во Гевгелија и во населените места, а ќе бидат наменети за депонирање сув отпад (најлон, картон, пластика, хартија, стакло). Истите ќе бидат обележани со налепница на која ќе ја пишува нивната намена, а од страна на ЈПКД „Комуналец“ ќе се празнат еднаш неделно.
              Урбаната опрема за одлагање комунален отпад е набавена е со средства од Буџетот на Општина Гевгелија, во висина од 475.000 денари.

извор:http://www.gevgelija.gov.mk/vesti/2583-%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8-155-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%98%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D1%83%D0%B2-%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B0%D0%B4?fbclid=IwAR2MGQ-0qZQjUw11qaKusskgjBCQQd5lVDGU-7lc3LwnduWyfIEsTzAUoDs

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *