Познатите струмички карневалски групи, Мулен руж и Струма со своите маски „Чекор напред“ и „Неуништлива вечна љубов“ беа дел на 14 – от Меѓународен карневал во лесковац, на кој дефилираа преку 1200 маскирани учесници.
Од организациониот одбор велат дека маските на струмичките карневалџии предизвикале огромно внимание.
Групните маски од струмичкиот карневал во текот на целата година се претставуваат на карневалите во регионот и Европа.