• Fri. Nov 22nd, 2024

МТСП: Работниците на Коридорите нема да бидат принудени со сила да работат прекувремено

ByВане Трајков

Apr 26, 2023

Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Република Северна Македонија. Придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните и трговски партнери, порачаа денеска од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Додаваат дека ова значи и обезбедување на нови работни места за нашите граѓани бидејќи трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти.

-Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите. Од друга страна тоа се нови даночници и нови приливи во државната буџетска каса.