Непознати сторители деновиве во малата рекичка кај викенд населбата кај Раборци фрлиле мртви мачки. Сопствениците на викендици реагираат и бараат од граѓаните да ја почитуваат природата и водните ресурси. Раде Ризов кој има викендица кај Раборци случајот го регистрирал и преку апликацијата на Граѓански новинар достави видео како мртви домашни миленичиња се фрлени во речното корито . Според него станува збор за несовесни граѓани кои и покрај апелите на сите за здрава животна средина ги уништуваат водите од кои се напојува добиток а истата вода влева и во брана Водоча. Како што тврди Ризов во речното корито биле фрлени најмлаку осум починати мачки.