• Sat. Nov 23rd, 2024

МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 проценти од вкупниот број гласачки места во Република Северна Македонија.

Како што денеска соопштија од МОСТ, набљудувачите се статични и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 100 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денеска го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

– Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување, стои во соопштението.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Monitoring 2019“, посебните овластувања од МОСТ за вториот круг и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните, кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *