Ученици од Основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица ставија по едно камче во мозаикот „Линиите на звукот“ што беше отворен на предниот ѕид од школото, дел од проектот на невладината организација “Добредојде Македонија Центар“.
Јасмина Башевска една од авторките на мозаикот, вели дека било вистинско задоволство да се работи оваа техника за ова дело.
-Мозаикот е една од најстарите македонски техники. Тоа не е само уметност, туку е и филозофија и поглед на живот. Секоја линија означува или линија на звук или линија на мисла. секое спојување на таа коцкичка, триаголник или каква и да било форма, претставува заокружување на една целина, рече Башевска.
Од невладината организација „Добредојде Македонија“ кои седум години работат на културна дипломатија во промоција на природно-историските убавини и богатства на Македонија, велат дека целта им е развој на мозаикот како културна индустрија.