Сосема е возможно да се затворат болници како тие во Кочани и кавадарци поради огромни трошоци а недоволна искористеност, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Владата е посветена јавното здравство да оди напред, но нема да инсистираме онаму каде што нема ефикасност!Се вложува многу во јавниот здравствен систем но тој е неефикасен. Затоа се разгледува моделот на јавно-приватно партнерство. А стравувањата на Синдикатот на Клинички се неосновани, рече Филипче, нема опасност вработениот персонал да остане без работа.
Министерот Филипче рече дека нема да се зголемат цените на здравствените услуги што ги плаќаат граѓаните дури и ако се воведе нов модел.
-Нема опасност да се зголеми трошокот што граѓаните го плаќаат за услугите во здравството. Но треба да се ослободиме од непотребните трошоци во кои функционираат болниците.Ние можеме да купуваме здравствени услуги и тоа дава најдобри резултати. Но имаме болници кои работат со мал капацитет, на пример Кочани и Кавадарци, само 1% од болничките легла се искористени. Плаќаме за трошоците што ги прават овие установи, а пациентите се упатуваат на лекување во најблиските центри, вели министерот за здравство.
До почетокот на јуни треба да се изготви физибилити студија која ќе покаже каде може да се примени моделот на јавно-приватно партнерство за да добиеме поефикасно здравство.