• Sun. Nov 24th, 2024

Може ли подбеласичкиот крај да стане центар за рурален туризам?

ByЃ. K.

Aug 1, 2023

Ова прашање сѐ почесто се поставува последната деценија, откако природните убавини на Беласица станаа вистинска атракција за посетителите. Со бујната вегетација и уникатните водопади, селата во овој регион будат се поголем интерес кај гостите за изнајмување соби за ноќевање. Дури и општината бележи зголемен интерес од локалото насление кое сака да се занимава со туризам во својот дом.

Градоначалникот Божинов вели дека нема да е едноставно да се мотивираат граѓаните да се занимаваат со туризам како занимање или дополнителна дејност, но збогатувањето на регионот со нови содржини и најавата за формирање туристичка населба значително влијаат на промена на нивниот став.

Парцелите за туристичката населба во Општина Ново Село, според најавите од локалната самоуправа, оваа есен ќе бидат огласени за продажба.

Прилог на Сузана Мицева

By Ѓ. K.