• Fri. Nov 22nd, 2024

Могерини: Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со С. Македонија и Албанија

Могерини: Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со С. Македонија и Албанија.

– Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Соверна Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за БТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Северна Македонија наскоро ќе биде тргнато.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини Северна Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија.

– Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување на ЕУ. Oткако Северна Македонија и Албанија беа принудени дa направат одредени отстапки за да ги започнат преговорите, а се уште ги немаат започнато, некои земји кандидати го поставија прашањето зошто воопшто тие тоа да го прават, нагласи Могерини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *