• Fri. Nov 22nd, 2024

Млад скопјанец украл автомобил и ограбил куќа во Струмица

ByЃ. K.

Oct 6, 2023

На 05.10.2023 во 18:15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје.

Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците. Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно  документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.