Градоначалникот Костадинов денеска во својот кабинет ги прими младите шахисти од шаховскиот клуб „Цареви кули“ кои неодамна се вратија од Египет, каде што со успех ги бранеа боите на Македонија, учествувајќи на Светското шаховско првенство.
Во конкуренција на 630 млади шахисти од 60 земји од целиот свет, тие постигнаа солидни резултати со кои сите се гордееме.
Шахистите со градоначалникот ги споделија импресиите од Светското првенство, а тој им посака уште многу успеси во иднина, со надеж дека таквите успеси ќе бидат причина уште многу млади струмичани да пројават интерес за шахот.