• Sun. Nov 24th, 2024

Младите струмички шахисти за ТВ Канал ВИС: „Ќе дадеме сѐ од себе за да ги браниме боите на Македонија!“

ByЃ. K.

Oct 16, 2023

Денеска во 14 часот по македонско време официјално стартува светското првенство во шах за кадети во Египет.

Во конкуренција на 502 шахисти од 66 земји, Македонија ќе ја претставуваат 3 од 4 шахисти од Струмица:

– Мартин Гоцев, до 10 години

– Јован Вукашиновиќ, до 8 години

– Ина Крумова, девојчиња до 8 години

Водач на делегацијата: Љубиша Андоновски

Стартно сите играат со бели фигури. Ќе се играат 11 кола по швајцарски систем, по правилата на ФИДЕ за класичен шах. Темпото на играње е 90 минути по играч за 40 потега, ако дотогаш не заврши партијата им се додава уште по 30 минути до крајот. Имаат и плус бонус од 30 секунди за секој одигран потег почнувајќи уште од првиот.

Младите натпреварувачи за ТВ Канал ВИС изјавија дека напорно тренирале, ќе дадат сѐ од себе за да ги одбранат боите на Македонија и очекуваат големи успеси.

By Ѓ. K.