• Fri. Nov 22nd, 2024

Младите струмичани преку Националната стратегија бараат повеќе информации за мерките за вработување

ByВане Трајков

Mar 14, 2023

Државата и локалните самоуправи да бидат поотвoрени кон младите за нивно активно учество во креирање на одредени политики. Нивните информации често не стигнуваат до младите за било какви програми или поддршка, посебно кога станува збор за стекнување нови компентенции за вработување или помош за отворање бизнис.  Данче Кирова од Струмица смета дека многу малку  младите од струмичк се инфомирани, што се нуди државата на оваа поле.

Во Струмица се одржа презентација на драфт верзијата на Националната стратегија за млади од страна на Агенцијата за млади и спрот, се со цел да се слушне гласот на  младите за подобрување на нивниот социоекономски статус во државата.

Младите струмичани до почетокот на летото треба да добијат Младински центар кој ќе биде сместен во зградата на Општина Струмица а во тек е постапката за формирање на младински совет чии преставници ќе бидат активни чинители во креирањето на локалните политики