Ракометниот клуб Астраион направи вистинско изненадување меѓу прволигашите во Македонија откако првиот дел од првенството прикажа одлични партии но заради немање искуство заврши на петото место. Изненадувањето доаѓа бидејки Астарион се натпреваруваше со деца и младинци наспроти сениорите од другите прволигашки состави со далеку поголемо искуство. Понесени од желбата за докажување и оправдување дека во Струмица има ракометен потенцијал, децата покажаа ,, заби” и ги изненадија сите тимови кои беа дел од Групата 1. Малку недостасуваше да се нјадат и во Плеј офф Првата лига. Стратегот Димитар Пандев не го крие своето задоволство од учинокот на неговите деца меѓу сениорските прволигаши.
,, Пријавивме екипа во прволигашкото натпреварување за да се докажуваме. Станува збор за екипа од млади играчи генерација 2000 тата година и помлади кои можеа да се натпреваруваат во кадетска лига. Но наше милење дека на овие деца им се потребни потешки натпревари за да можат да одат напред во кариерата. Ние не планиравме некаков резултат но од она што го постигнавме сме презадоволни. Кон крајот на јануари идната година започнуваме повторно со работа и подготовки. Ќе продолжиме уште со посилно темпо бидејки децава имат потенцијал. Задоволни сме што и ја вративме публиката во спортската сала. Ветуваме дека лубителите на ракометната игра ќе има што да гледат во Струмица,, изјави за Вис спорт Димитар Пандев
Астраион со младите деца во Првата лига каде дебитираше ова сезона оствари 7 победи едно реми и 6 порази. Поразите не беа резултат на слабиот квалитет туку пред се заради немањето искуство, тремата. Но тоа е веќе зад момците кои сега во Плеј аут Прва лига најавуваат ново докажување
Освен во Првата ракометна лига, РК Астраион има пријавено и тим во младинските категории а со професионалниот пристап и редовната работа најавуваат светла иднина на овој спорт во Струмица но за долги патеки