• Fri. Nov 22nd, 2024

Младите математичари од ОУ „Сандо Масев“ наградени на квизот „Денот на бројот Пи“

Младите математичари од основното училиште „Сандо Масев“ од Струмица се вратија со награди од математичкиот хепенинг „Денот на бројот Пи“ што традиционално го организира основното училиште „Петар Мусев“ од Богданци.

Овој настан се одржува во рамки на стручно – апликативниот проект „Популаризација на математиката“ од Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Настанот имаше натпреварувачки карактер а учениците се натпреваруваа во четири категории за основно и средно образование:

  1. Квиз за паметење децимали од бројот Пи.
  2. Зборови кои почнуваат на Пи.
  3. Практично покажување на постоењето Пи.
  4. Решавање нумеричка задача.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *