Младите и волонтерите од Струмица синоќа во Младинскиот центар одржаа отворен настан насловен „Зошто волонтирам“, а по повод Светскиот ден на волонтерството.
Разговараа за нивните искуства, за придобивките од волонтирањето, статусот на волонтерството во Струмица и како да се зголеми бројот на волонтерите кои без никаков надоместок за себе, својот труд знаење и време ги вложуваат во луѓето на кои им е потребна помош.