Пионерите на БК ,,Бучим,, од Радовиш освоија пет медали на балканските спротски игри што се одржаа во Јалова Турција. Стефан Димитров стана балкански шампион во својата категорија и се закити со златниот медал додека Стефан Митев и Мартин Костадинов ги освоија сребрените одличја. Меѓу освојувачите на медали и тоа бронзени беа Ѓорги Калајциев и Ѓорги Ѓоргиев.
БК ,,Бучим,, од Радовиш учествуваше со осум борачи во повеќе категории на овие балкански спортски игри во Јалова Турција каде учествува млади спортисти од 13 држави .
Овие дечиња од БК ,,Бучим,, беа предводени од тренерите Никола Калајџиев, Горан Атанасов и Добрин Трајанов.
Учеството на младите борачи од Радовиш на овие игри се должи на пријателските односи што општината Радовиш ги има воспоставено со општината Чинарџик од Р. Турција