Младиот струмичанец Никола Секулов (14) кој со семејството живее во Пјаченца Италија, потпиша четиригодишен договор со најтрофејниот калчолигаш – Јувентус. Момчето кое три сезони беше во младинските погони на Парма, од утре го облекува дресот на Јуве, за што ќе се пресели во Торино каде ќе се усовршува во школата на Јувентус Виново. Неговиот трансфер доаѓа откако стручњаците од Јуве неколку месеци го тестираа младото момче од Струмица што живее во Италија кој одигра и неколку турнирски натпревари за овој калчолигаш
,, По подолг период скенирање, конечно менаџерите на Јувентус се одлучија да го ангажираат син ми кој од својата пета година е со фудбалот во клубот ,,Пјаченца Про,, до својата 11 та година а последните три сезони во ,,Парма,,. Од утре тој е член на Јуве кој во него гледа огромен потенцијал. Тој веќе ме надмина со својата кариера и верувам дека доправа ќе ги покаже своите способности,, ни кажа татко му Тодорчо Секулов кој своевремено беше напаѓач на Беласица. Инаку 14 годишниот Никола е внук на познатитот Никола Секулов кој беше центрафор во Вардар, Тетекс Беласица.
Никола Секулов е член на македонската фудбалска репрезентација до 14 и 15 години како и неговиот брат Мите кој настапува за селекцијата до 16 години