Младиот Лука Георгиев кој есенва настапуваше за второлигашот Осогово од Кочани е ново засилување на Брера Струмица. Станува збор за млад перспективен фудбалер кој во неколку наврати беше прогласуван за играч на колото во Втората македонска фудбалска лига, а се запиша како стрелец на головите во дуелите со Кожув и Новаци.
Лука е роден на 18.05.2004 година. Со оглед дека со семејството живеееле во Германија има настапувано за тамошни младински екипи, а беше дел и од проектот на Динамо Загреб „Животен натпревар“.
„Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејќи зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам сѐ од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред сѐ од приемот но и работата на стручниот штаб“, вели младиот Георгиев кој деновиве почна да тренира со сениорите на првиот тим на Брера.