Брера Струмица претстави уште едно засилување во своите редови. Нов член на струмичкиот прволигаш е младиот Андреј Аризанкоски, кој минатата сезона настапуваше во тимот на Победа.
- „Андреј Аризанкоски од Прилеп е новото име на нашиот прв тим.18-годишниот фудбалер, кој игра во одбраната односно дефанзивниот среден ред, настапуваше за Победа, каде во изминатата сезона одигра 17 натпревари. Се работи за млад надежен фудбалер кој е дел и од македонската репрезентација до 18 години веќе се приклучи на нашиот тим во Банско Бугарија“, велат од редовите на Брера.