Лидерот на Нова демократија, Кирјакис Мицотакис, денеска ќе положи заклетва како нов премиер на Грција, а потоа ќе дојде до примопредавање на должноста.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека, според нивните проценки, опозиционата Нов демократија на Мицотакис освоила 39,8 отсто од гласовите, додека владејачката Сириза предводена од Алексис Ципрас добила 31,5 отсто од гласовите.
Ципрас телефонски му ја честиташе победата на Мицотакис. „Граѓаните го направија својот избор, а нивната волја е многу почитувана“, рече Ципрас. „Се боревме со крената глава и денеска со крената глава го прифаќаме резултатот“, истакна тој.
извор:makfax