Конкурсот за поезија “Парнас – награда на Анџело Ла Векија” е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку “Возвишена поезија”, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас.
Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на “експресивната слобода” која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек.
Наградата е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како извонреден поет, драмски писател, историчар и професор.
Во текот на следните неколку денови ќе бидат прогласени најдобрите тројца автори за оваа година.