Министерството за култура известува дека денеска е последен ден за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.
„Ве известуваме дека вечерва 8 ноември (среда), до 23:59 часот истекува рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година.“
Министерството за култура со цел да им излезе во пресрет на апликантите, го продолжи првичниот рок за пријавување за додатни три дена, поради техничките проблеми кои настанаа со преоптоварување на системот.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.