• Fri. Nov 22nd, 2024

Министерството за здравство започна кампања за одговорно славење на празниците

Министерството за здравство и Владата од вчера почнуваат со кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

„Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Ковид-19. Министерството за здравство уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени токму поради славењето во затворен простор во големи број, се вели во соопштението.

„На сите треба да ни е јасно дека во претстојниот период носиме одговорност за своето, но и здравјето и животите на најблиските. Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките што се изречени се следните: се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи, се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица, се забранува групирање во паркови и на други јавни места на повеќе од 4 лица, граѓаните, доколку немаат потреба, да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.
Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека – здравјето не“, се вели во апелот.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *