• Fri. Nov 22nd, 2024

Министерствво за економија тврди дека не ја добиле пресудата од Управен суд за рудникот Иловица

Во врска со Вашето прашање за ставот на Министерството за економија во врска со донесена пресуда од Управниот суд по Тужбата на тужителот ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС Скопје, Ве информираме дека пресудата која ја спомнувате во Вашето прашање сеуште не е пристигната до Министерството за економија. Откако ќе пристигне, Министерството за економија ќе одговори во законски утврдените рокови.

Инаку, ставот на Министерството за економија дека е оправдано и законски основано раскинувањето на предметниот договор за концесија останува. Имено, Концесионерот ја нема доставено целокупната документација кон Барањето за дозвола и покрај дополнителните рокови за дополнување на истата и  заради тоа исполнети се условите утврдени во Законот за минерални суровини за раскинување на договорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *