Министерот Сали со барање до приватните лаборатории: Намалете ги цените на тестовите
Министерот за здравство, Беким Сали се обратил до приватните лаборатории за намалување на цените за ковид тестови. Во неговото образложение на барањето навел дека по продорот на Омикрон сојот се чека и до една недела за тестирање во државните институции, поради што граѓаните се принудени да се изложуваат на високи трошоци.
„Инициравме средби со сите страни кои се вклучени во формирање на крајната цена за една услуга, како увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство. Во постојана комуникација сме со Фондот за здравство, а преку него и со увозници и со лаборатории и се надевам на нивни позитивен одговор на нашето барање“, рече Сали.