• Fri. Nov 22nd, 2024

Министерот Османи и економските советници во посета на општина Гевгелија

Министерот Османи со економските советници ги посети стопанските капацитети- фабриката зa текстил „НОЕЛ“ и фабриката за полиетиленски цевки „Контрихидропласт“.

Со посетата на Гевгелија се заокружува поширокиот план од проектот за посети на повеќе општини. Економските советници инфо-турата ја започнаа во Тетово а продолжија во Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Крушево, Штип, Виница, Берово, Струмица, Дојран и Гевгелија.

Целта на посетите е економските советници да имаат поголемо знаење за општините, за капацитетите што ги имаат истите со цел зголемување на извозот, можностите кои ги нудат за странски инвестиции како и развој на туризмот. Освен средбите со локалните власти, се реализирани средби и со бизнисмените од овие општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *