Миниситерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Струмица ги додели договорите на дел од планските региони во земјава за реализација на13 проекти во 8 општини. Станува збор за проекти за изградба на пристапни патишта во земјоделските површини.
Во Југоистокот преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе се градат полски патишта во општините Струмица и Богданци . Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов кажа дека врската со министерството треба да се јакне
Од 2018 години до 2022 МЗШВ подржаа 109 проекти за изградба на полски патишта во вредност од 100 милиони. Министерот Николовски упати апел до општините да спремаат документи за рекоснтуркција или тампонирање на полски патишта и да бидат подготвени за повикот догодина