Компанијата Страбаг АГ денеска ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, или конкретно околу место викано Пилав Тепе во период од 11:00 до 15:00 часот.
ДПТУ Ескаватори – МК ДООЕЛ известува дека од 23.07.2020 год. (четврток) до 30.07.2020 год. (четврток), во период од 10:00 до 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза). За време на викендот, во сабота и недела во период од 10:30 до 11:00 часот и од 14:00 до 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила.
извор: Макфакс